Србија со интересен видео спот како најава за СП 2018: Во режија на Бјелогрлиќ! (ВИДЕО)

На еден месец пред почетокот на најголемиот светски спектакл, репрезентацијата на Србија преку интересен видео спот го најави своето учество на Светското првенство 2018 во Русија.

„Се што можеш – за Србија!“ е мотото на спотот кој го режираше Драган Бјелогрлиќ, а некако во духот и на неговото филмско ремек дело „Монтевидео“, кое зборува за настапот на поранешна Југославија на првото Светско првенство 1930 во Уругвај…

„Можеш да победиш само ако дадеш се од себе! А, ако дадеш се од себе, веќе си победил!“ – е централното мото под кое Србија ќе се бори во Русија.

Се вчитува...