Старите со поддршка, младите со лекција како треба да се игра за Македонија (фотогалерија)

Најдобрите македонски ракометари вечерва се повторно во СРЦ Кале како поддршка за своите помлади колеги на првиот натпревар од квалификациите за СП 2017 (У21). Сениорите им дадоа поддршка, а младите апсолутно ги заслужија аплаузите и покажаа како треба да се игра за Македонија. Максимално борбено и пожртвувано влего во дуелот со Полска и од минута во минута го зголемуваа водството во првиот дел.

Од Мартин Томовски на голот, па до максимално прецизниот Мице Шилегов кој со пет од пет во првиот дел беше нерешлива енигма за Полјаците, младинците ја загреаја атмосферата во СРЦ Кале, и вербата во македонската ракометна иднина. Тројца од малдинската репрезентација  – Талески, Нелоски и Велковски, џсе на спсиокот и на сериоскиот состав кој се подготвува за СП во Франција, но и другите репрезентативци од младинскиот состав покажуваат дека заслужуваат доверба и дека на нив треба да се смета веќе во блиска иднина.

Меѓу познатите ракометни лица од трибините поддршка на младинците им дава и Пепи Манасков кој беше вклучен и во подготовките на репрезентацијата за овие квалификации, а и вечерва повторно на трибините за Македонија навива и Борко Ристовски.

[new_royalslider id=”474″]

Се вчитува...