Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува активно да го гради играчкиот кадар за претстојната сезона. Управата на клубот официјално ја продолжи соработката со младото десно крило Стефан Зенговски, кој потпиша нов договор со важност до 2028 година.
Зенговски е еден од клучните играчи во младинскиот погон, но веќе има и исклучително важна улога во првиот тим на Бутел. Со овој потег, клубот јасно ги покажува своите амбиции за новата сезона, каде целта е најмалку повторување на минатогодишниот успех, кога екипата заврши веднаш зад големата четворка во македонскиот ракомет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
