Струмица е првата екипа која обезбеди влез од Втората во Првата кошаркарска лига на Македонија откако во полуфиналето славеше со 2-0 во победи над Шкупи.
Откако на првиот меч славеа на домашен терен, струмичани вечерва беа подобри и во салата во Чаир, триумфирајќи со убедливи 91-104 за пласман во финалето од плејофот во Втората лига, што само по себе значи и промоција во елитното друштво. За Струмица ова ќе биде враќање по пауза од четири години во мак-елитата, одлична вест за камбек на овој регионален центар на кошаркарската мапта на Македонија. Кошаркарите на Шкупи направија подвиг во четвртфиналето елиминирајќи го Борец Велес, но скопскиот второлигаш не можеше да го повтори успехот и во ова полуфинале.
Вториот и последен патник во елитното друштво ќе го даде мајсторката меѓу Чаир 2030 и Вардар, откако „црвено-црните“ денеска славеа со 85-81 на домашен терен и израмнија на 1-1 во оваа полуфинална серија.
Веќе е познати кои две екипи од Првата лига ќе се преселат во понизок ранг на натпреварување, откако МЗТ Скопје 2 и Ангели веќе ги загубија сите шанси за опстанок во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА