Таткото на Нурмагомедов почина од коронавирус

Таткото на Хабиб Нурмагомедов, 57-годишниот Абдулманап Нурмагомедов денеска почина губејќи ја битката со коронавирусот во болница во Москва.

Абдулманап, кој му беше и долгогодишен тренер на УФЦ-шампионот, во април беше дијагностициран со коронавирус. Извесно време состојбата му беше стабилна, но потоа дојде до сериозни компликации и оштетувањата на белите дробови. Последните десетина дена тој беше ставена во индуцирана кома, за денеска најлошата вест да биде објавена од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

„Тажна вест стигна до мене, пријатели, Абдулманап Нурмагомедов го напушти овој свет. Испраќам најискрено сочувство од името на целиот чеченски народ до семејството Нурмагомедов. Тој почина, оставајќи зад себе познато име и успешна генерација“, објави Кадиров.

 

Се вчитува...