Темелковски: Верував во овие момчиња!

Цели 17 години по младинското СП во Атина, селекторот Илија Темелковски одново ќе ги предводи македонските ракометни надежи на Светско првенство. Темелковски беше оптимист и уште пред дуелот со Турција го изрази своето уверување дека Македонија ќе се пласира на СП во Алжир. Македонскиот селектор по победата над Турција со 20 гола разлика и заврши на рацете на играчите, а по мечот имаше многу причини да биде задоволен.

Верував во овие момци! Без оглед на разликата што требаше да ја достигнеме, знаев дека можеме да стигнеме до таква убедлува победа и барав од нив да веруваат во себе. Инсистирав на цврста одбрана бидејќи ваква разлика може да се направи само со беспрекорна одбрана од која ќе произлезат контри и полуконтри. Многу значајно беше што игравме речиси цел натпревар со седум играчи во поле,  тоа ни овозможи да дадеме голем број погодоци и да ја зголемуваме разликата како што течеше мечот. Пласманот на СП е голем успех, но јас очекувам да одиграме уште подобро на претстоијниот мундијал во Алжир каде ќе бидеме посилни за Филип Кузмановски и за уште неколку ракометари кои сигурно ќе ни помогнат да ја кренеме играта на уште повисоко ниво“ – изјави Илија Темелковски, изразувајќи благодарност  „до сите за поддршката што ни ја даваа на пат до овој успех“.

Се вчитува...