Виктор Ѓокереш го пронајде својот вистински ритам во Арсенал речиси преку ноќ. Швеѓанецот, кој до неодамна минуваше низ можеби најтешкиот период од сезоната, во последните пет настапи беше дел од дури пет гола за Арсенал, или како стрелец или како асистент, и со тоа ги замолчи првите сериозни сомнежи што почнаа да се појавуваат околу неговиот квалитет.
А, не е тајна дека во еден момент изгледаше изгубено. Еден гол на десет натпревари за напаѓач од неговиот профил и цена не е статистика што останува незабележана, особено во клуб кој напаѓа највисоки цели секоја сезона.
Вистинска кулминација на враќањето се случи во Лигата на шампионите. Во победата на Арсенал над Каират од Алмати, Ѓокереш постигна и гол и асистенција, давајќи силен печат на совршената лигашка фаза на „топџиите“, која тимот на Микел Артета ја заврши со максимални осум победи и прво место на табелата.
На теренот, тој сега е решителен, моќен, агресивен во дуелите. Надвор од теренот, предмет на бројни шпекулации.
Социјалните мрежи, како и обично, брзо најдоа „објаснување“ за ренесансата на Швеѓанецот, па таканаречената „мистериозна дама“ се најде во фокусот на јавноста.
Фотографии од жена која наводно се појавува во околината на Ѓокереш почнаа да кружат на интернет, а фановите на шега коментираа дека таа е неговиот нов талисман и причината зошто самодовербата е вратена на најголемо можно ниво.
Сепак, важно е да се повлече јасна граница меѓу шегата, шпекулацијата и фактот. Ниту еден релевантен извор не потврди дека Ѓокереш моментално е во врска, ниту самиот фудбалер некогаш коментирал за идентитетот на дотичната жена. Сè засега останува во доменот на претпоставки.
Она што е познато е неговата претходна врска. Во текот на 2024 година и дел од 2025 година, беше во емотивна врска со португалската актерка и модел Инес Агиар, со која често се појавуваше во јавноста и на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

