Политичката кампања во Македонија е во полн ек, а социјалните мрежи и ПР службите на партиите и на кандидатите се служат со различни методи да ги привлечат гласовите од граѓаните.
Така во политичката кампања влегуваат и познатите спортисти како Роналдо, Меси, како и еден наш репрезентативец – Ѓоко Зајков.
На прашање на член на Либералната партија, дали повеќе го сака Роналдо или Меси, тој одговара со Ѓоко Зајков. Зајков е во блиско сродство со лидерот на ЛДП, Моника Зајкова, која е кандидат за пратеник на следните избори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА