Успешен тест на Исланѓаните против Египет

Репрезентацијата на Исланд која е еден од противниците на Македонија во групата на претстојното СП во Франција, го победи Египет со 30-27 на подготвителниот Бигма куп во Данска. Покрај овие две селекции на Бигма купот настапуваат уште и селекциите на Унгарија и на домаќинот Данска.

Исланѓаните лошо го отворија натпреварот и по првото полувреме губеа со 13-14, но во вториот дел ја консолидираа играта и во последната четвртина го решија натпреварот во своја полза. Забележителен настап имаше голманот на Исланд, Арон Рафн Едвардсон со 17 одбрани. Во нападот најефиксние беа Оматр Инги Магнусон и Олафур Гудмундсон со по шест гола, Гудјур Валур Сигурдсон и Бјарки Мар Елисон постигнаа по пет гола.

Во наредните два дена репрезентацијата на Исланд ќе одигра уште два натпревари, со Унгарија и со Данска. Во првиот дуел на Бигма куп, Данска ја победи Унгарија со 24-21.

На СП во Франција, Македонија и Исланд ќе играат на 19 јануари, во последниот натпревар од групната фаза.

Се вчитува...