Кога е Ванда Нара и нејзината војна со Мауро Икарди во прашања, ситуацијата никогаш не е здодевна. Двојката го заврши бракот што траеше единаесет години во кој имаат три деца, но Ванда продолжува со провокациите наменети на адреса на поранешниот сопруг.
Така, Аргентинката се јави со нова изјава со која ги разбранува страстите, обелоденувајќи дека има ново момче, и тоа фудбалер на омразениот ривал на Галата, тимот на Фенербахче.
„Вљубена сум во фудбалер кој игра за Фенербахче. Наскоро ќе го објавам неговото име“, турските медиуми ги пренесуваат зборовите на Ванда.
Дел од нив тврдат дека тоа е начин само да изаврши дополнителен притисок врз Икарди, но дел тврдат дека таа навистина последните месеци ги минала во Истанбул, подгревајќи ги шпекулациите дека навистина се родила нова љубов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

