Ракометниот шампион на Македонија Вардар и математички ги загуби сите шанси за пласман понатаму во Лигата на шампионите, откако и на четвртиот меч годинава загуби, овојпат на гостувањето кај Полска, Висла Плоцк со 33-32.
Како и на мечот во Скопје, така и вечерва Полјаците уште од самиот старт го контролираа резултатот, а Вардар со добра завршница успеа да стигне само до почесен пораз од еден гол разлика.
Вардарци парираа во првото полувреме само во воведните десет минути во кои беше нерешено 5-5. Полјаците влегоа во серија од 8-1, па во 19. минута за првпат стигнаа до плус осум 14-6. До крајот на првиот дел нашиот шампион заигра подобро, па на пауза замина со негатива од три гола 16-13.
Во второто полувреме нов проблем за Вардар беше директниот црвен картон кој го доби Moхамед Абделхак во 41. минута. Вардарци до крајот не успеаја да стигнат до ништо повеќе од почесен пораз од 33-32. Jака Малус со девет гола беше најефикасен во нашиот табор, додека кај победникот Фредерик Бјере постигна седум гола.
Во вториот меч од групата Б, Нант славеше над Мелсунген со 33-25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
