Вашингтон Редскинс по 88 години го менува името

НФЛ тимот на Вашингтон Редскинс ќе мора да го смени името, соопштија од франшизата. САД во последните неколку месеци ја тресат големи протести против убиството на Џорџ Флојд, а самото име на НФЛ клубот е кое во превод значи „црвенокошци“ е расистичка навреда за Индијанците.

„Во духот на скорешните случувања ширум нашата држава и повратните информации кои ги добивме од нашата заедница, Вашингтон Редскинс соопштуваат дека ќе тргнат во процес на менување на името“, пишува во официјалното соопштение на клубот. 

Компанијата „Федекс“ која го носи и името на стадионот на тимот побара од франшизата да ја направи промената доколку сака да се потпише нов договор кој ќе биде со важност до 2025 година. Вашингтон Редскинс се формирани во 1932. година, што значи дека по 88 години тие ќе направат промена на името.

Се вчитува...