Ракометарите на Веспрем стигнаа до нова сигурна победа во Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен во 4. коло го прегазија српскиот Партизан кој е предводен од Раул Гонзалез со 38-28.
Унгарците во текот на целиот меч го газеа противникот и на крајот стигнаа до сигурен триумф од 38-28. Драган Пехмалбек со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Тобијас Вагнер постигна девет гола.
Во дербито на вечерта Магдебург славеше над Кјелце со 30-27. Во останатите мечеви од програмата од 18.45 часот: Целје – ПСЖ 30-41, Колштад – Криенс 28-36 и Алборг – ППД Загреб 34-33.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
