Златан Ибрахимовиќ повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста за време на Светското првенство во фудбал, каде што се најде во улога на стручен коментатор на американската телевизија „Фокс“.
Легендарниот Швеѓанец веќе ја покажа својата наклонетост кон музиката од Балканот, кога ја прослави песната на Нада Топчагиќ „Утро е“ на фестивалот во Сан Ремо. Сега реши да и претстави на американската публика уште еден голем хит од овие простори.
За време на програмата, ја пушти песната на Лепа Брена – „Луда за тобом“. Додека песната течеше, Ибрахимовиќ не криеше дека ужива во оваа песна, што ја разбуди љубопитноста на водителот на емисијата.
„Кој е изведувачот, за што е песната?“, праша водителот.
Ибрахимовиќ одговори кратко.
„Не можам да ви го објаснам тоа. За љубов е.“
Ситуацијата ги насмеа гледачите уште повеќе поради обидот на Тиери Анри да ја скрие сопствената непријатност од ситуацијата, гледајќи во телефонот.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
