ВИДЕО: Легендарен Црногорец со својот коментар го изнасмеа цел Балкан: „Ете и гатач, Индијанец на трибините…“

Зимските олимписки игри се емитуваат и следат низ целиот регион на Балканот… Легендарниот црногорски коментатор Небојша Шофранац, се најде во центарот на вниманието, по лапсус кој го насмеа целиот регион.

Шофранац ги насмеа сите за време на прославата на победата на Џонсон. Камерите ја „уловија“ музичката ѕвезда популарниот Снуп Дог, на трибините.

Снуп Дог е промотор на Зимските олимписки игри, а беше и промотор на Летните олимписки игри во Париз во 2024 година.

Кога камерите го покажаа Снуп Дог, Шофранац рече дека на трибините има и американски „гатач… Индијанец“. Овој коментар стана вирален на социјалните мрежи, а Црногорецот насмеа многу луѓе. Шофранац е познат по своите страсни коментари за спортски настани, честопати со многу податоци и детали, но исто така често знае како да ги насмее гледачите со својот препознатлив стил.

Овој пат, се чини, се „насамари“ самиот себе… Лапсус или не, не се знае но сигурно е дека овој коментар ќе остане како еден од највпечатливите за време на ЗОИ.

Се вчитува...