Влез во „елитата“ со стил – Феникс 2010 е шампион на Втора лига

Кошаркарскиот клуб Феникс 2010 одличната сезона ја круниса со трофеј во Втората лига откако во финалето го совлада составот на Ангели со 74-62. Избраниците на Дервишевиќ во грч го отворија денешниот натпревар по што имаа негатива во првата четвртина, но во продолжението од натпреварот беа на врвот на својата задача за на крајот да стигнат до „комотна“ победа.

Ангели беа доминатни на почетокот на средбата во која брзо стигнаа до двоцифрена предност, а по 10. минути игра на семафорот стоеше 11-19. „Зелено-белите“ не успеаја да ја продолжат добрата игра и до полувремето во кое Феникс заигра на своето претпознатливо ниво. Избраниците на Дервишевиќ до средината на втората четвртина влегоа во егал, а на полувремето заминаа со преднсот од 31-26. Добрата игра на Феникс продолжи и во второто полувреме, по 30. минути игра разликата изнесуваше +11 (53-42), а Ангели не успеаја да се вратат од негативата до крајот на мечот.

Се вчитува...