ВЛМ: Ангели се нови членови на „елитата“!

Кошаркаркиот клуб Ангели во следната сезона ќе биде дел „елитата“ во мак-баскетот откако денеска составот од Кисела Вода славеше и во вториот натпревар од полуфиналната серија против Чаир 2030 со 65-62. „Зелено-белите“ беа подобар противник во поголемиот дел од натпреварот, но до големата победа и пласманот во финалето на Втората лига стигнаа со тројката на Максим Митевски на 20 секунди пред крајот на средбата.

Ангели иницијативата ја превземаа уште во првата четвртина по која имаа предност од 21-12, а добрата игра на „зелено-белите“ продолжи и до полувремето до кое составот од Кисела Вода стигна до двоцифрена предност (36-26). Ангели продолжија да го контролираат натпревари и на отварањето на третата четвртина па по 30. минути игра имаа и предност од 52-41, но чаирчани одлично одговорија во одличувачките десет минути.

Чаир 2030 на крилјата на Зекири целосно се врати во мечот, имаше и водство од 60-62 на нешто помалку од 30 секунди до крајот, а херој на „зелено-белите“ е Максим Митевски кој фантастичанта сезона ја круниса и со тројка на 20 секунди до крајот со која донесе ново водство за неговиот тим. Чаир повторно имаше шанси да дојде до предност, но гостинскиот тим ја прокоцка својата шанса со лична грешка во напад, а во последниот напад на средбата Ангели реализираа со звукот на сирената со што беше поставен конечниот резултат.

Во финалето од Втората лига Ангели ќе се сретнат со подобриот од двомечот помеѓу Феникс 2010 и Партизан Водно Санс.

Се вчитува...