ВЛМ: „Фабрика“ за таленти со прволигашки статус – Феникс 2010 е втор финалист (ФОТО)

МЗТ 2 следната сезона ќе има сериозна конкуренција во „битката“ за развивање на таленти во Првата лига откако Феникс 2010 ја доби полуфиналната „мајсторка“ против Партизан Водно Санс со убедиви 79-49, и избори пласман во „елитата“ следната сезона. Оваа победа и пласманот во Првата лига е круна на одличната работа со младите играчи на „фабриката“ за таленти од која години наназад излегуваат едни од најпреспективните македонски кошаркари.

За разлика од вториот полуфинален меч кој им припадна на „црно-белите“, денешниот натпревар беше изедначен само во првото полувреме по кое домашните кошаркари имаа предност од 46-39. Феникс одигра речиси перфектно второ полувреме во кое дозволи само десет поени на противникот со што сосема заслужено се избори за финале на Втората лига.

?Со резултат 79:49 против екипата на КК Партизан Водно Санс, остваривме победа и влез во најквалитетното друштво….

Posted by BC Feniks 2010 on Wednesday, May 12, 2021

Во финалето од Втората лига избраниците на Дервишевиќ ќе се сретнат со составот на Ангели кој пред неколку дена ја доби полуфиналната серија против Чаир 2030.

Се вчитува...