ВЛМ: Феникс го освои Велес, Чаир 2030 го загарантира првото место на „Западот“

Изминатиот викенд на терените ширум Македонија беа активни и второлигашите кои одиграа девет од предвидените десет натпревари од 16. коло, а одложен беше само мечот помеѓу Англи и Шкупи.

Во групата „Исток“ три од четири домаќини ја одбанија својата „тврдина“. Куманово 2 стигна до победа од 91-73 над Про Баскет, Струмица беше подобра од МКК Куманово со 69-56, додека Баскет КАМ стигна до победа од 91-57 над Ролинг 08. Единствениот кој стигна до гостинска победа беше Феникс 2010 кој славеше на гостувањето во Велес против Борец Баскет со 62-66. Со овој триумф составот на Денис Дервишевиќ остана во игра за првата позиција на табелата.

 

Во групата „Запад“ дербито на колото му припадна на Чаир 2030 кој славеше над Пелистер Медика Карта со 90-85. Убедлива победа од 98-77 забележа Партизан Водно Санс над Спарта, Тетекс ТТК стигна до значаен триумф над Охрид од 73-68, а границата на сто постигнати поени ја надмина Хералкеа која го доби гостувањето против Мега Баскет со 75-101. Неизвесен натпревар беше одигран на мечот помеѓу Спорт Тим и Риниа каде домаќинот славеше со 90-88.

 

Се вчитува...