ВЛМ: Партизан Водно Санс со „стотка“ го завери местото во полуфиналето

Последниот патник во полуфиналето од разигурвањето за место во „елитата“ следната сезона му припадна на составот на Партизан Водно Санс кој ја доби четвртфиналната серија против Шкупи со 2-0. По победата во првиот дуел „црно-белите“ денеска одиграа нов одличен натпревар во кој благодарение на подобрата игра во првите триесет минути на крајот славеа со 99-103.

Натпреварот го отслика и немил настан во последната четвртина кога играчот на гостинскиот состав, Донаковски колабираше на паркетот, но благодарение на брзата интервенција на лекарската екипа и двата табора целата ситуација заврши со среќен крај.

Двата тима беа напаѓачки расположени на самото отварање на натпреварот, а ефиканисте први десет минути им припаднаа на гостите кои поведоа со 22-28. Добриот ритам на Партизан Водно Санс продолжи и до крајот на полувремето па гостите успеаја да ја зголемат предноста на +17 (42-59).

Во второто полувреме Шкупи постојано бркаше негатива, а во последниот дел „сино-белите“ одиграа одлично на двата дела од тенерот со што стигнаа и до негатива од еден напад. Домаќините имаа и шанса целосно да го превземат водството, но не успеаја во своите обиди. Натпреварот беше решен во последните 30 секунди кога при резултат 96-100, „црно-белите“ во три наврати го осигураа офанзивниот скок што беше доволно за победа.

Партизан Водсно Санс во полуфиналето ќе им се прилучи на екипите на Ангели, Феникс 2010 и Чаир 2030.

Се вчитува...