Двократниот европски шампион Вардар утре му гостува на Висла Плоцк во натпреварот од четввртото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Вардарци во првите три меча забележаа три пораз, па натпреварот во Полска едноставно мора да се добие.
Крилото на Вардар, Вукашин Воркапиќ вели дека додека постои теорија тие нема да се откажат…
„Теоретски, се е можно, иако реално веројатно немаме многу шанси. Што се однесува до реваншот, секако дека секогаш одиме на победа. Вардар секогаш оди на победа, Вардар е голем клуб. Ќе се потрудиме овој натпревар да биде поинаков, да дадеме уште повеќе од себе, да ги исправиме грешките и да стигнеме до посакуваните два бода, кои сите со нетрпение ги очекуваме. Единствениот начин да стигнеме до тие два бода е со вистински пристап и вистинска енергија. Тоа е суштината. Ќе дадеме се од себе“, изјави Воркапиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
