Воркапиќ во идеалниот тим на колото во ЛШ (видео)

Вардар не успеа да стигне до првите бодови во Лигата на Шампионите сезонава, но „црвено-црните“ како утеха го имаат Вукашин Воркапиќ како нивни претставник во идеалниот тим за четвртата рунда од елитното европско натпреварување.

Српскиот репрезентативец одигра извонреден натпревар, имаше перфектни осум гола од осум удари, што за жал се покажа недоволно за македонскиот првак да избегне пораз во Полска.

Апелгрен од Веспрем го предводеше овој дрим-тим од голманската позиција, а во поле покрај Воркапиќ се најдоа уште Фрајхефер, Зендер, Анжиќ, Милер, Сипжак и Милитару.

Се вчитува...