Вознемирувачко видео: Кошаркар на Водно Санс колабираше на терен среде натпревар

Дуелот меѓу Шкупи и Водно Санс во плејофот од Втората лига донесе ефикасна и атрактивна кошарка, но и една немила сцена која лесно можеше да прерасне во трагедија.

Се играше последната четвртина кога гостинскиот кошаркар Донаковски направи прекршок под противничкиот кош, а само неколку секунди подоцна колабираше на теренот. Први притрчаа од клупата на Шкупи, веднаш на лице место пристигнаа и медицински лица присутни во салата, кои му укажаа прва помош и му го спасија животот на кошаркарот на Водно Санс.

Прекинот траеше повеќе од десет минути, a гостите кои водеа во текот на целиот меч во неизвесна завршница ја задржаа предноста, победија со 2-0 во оваа четвртфинална серија и се пласираа во полуфиналето.

Се вчитува...