Чаир 2030 со шампионски трофеј ќе влезе во „елитата“ на македонската кошарка откако скопскиот тим славеше во финалето на Втората кошаркарска лига против Струмица со 91-79. Добата игра во втората четвртина им донесе на скопјани двоцифрена предност која беше задржана до крајот и покрај налетот на струмичани во завршницата.
По изедначената игра во првата четвртина (21-18) чаирчани ја превзеамаа иницијативата и со добра игра на двата дела од теренот стигнаа до предност од 48-30 на полувремето. Гостите од Струмица на отварањето на второто полувреме успеаја да ја консолидираат играта во нападот, но не успеаја да ги сопрат кошаркарите на Чаир во одбраната па скопјани ја задржаа предноста по 30. минути игра (73-52). „Сино-белите“ го најдоа решението во одбраната во последната четвртина па виската негатива ја намалија на 84-77, но немаа сили за целосен пресврт.
Како потсетување, Чаир 2030 и Струмица со самиот пласман во финалето на Втората лига изборија место меѓу најдобрите 12 тима и следната сезона ќе бидат дел од во најдоброто од македонската кошарка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА