Втора лига: Чаир 2030 со „стотка“ до врвот на табелата, први порази на Вардар и Водно Санс

Изминатиот викенд на терените ширум Македонија беа одиграни и натпреварите од третото коло од Втората лига по кои Чаир 2030 останува единствениот непоразен тим во првенстовто.

Чаирчани до третата победа стигнаа со нова „стотка“, овој пат против ГКК Охрид (104-79). Вардар и Партизан Водно Санс пак ги забележаа првите порази во првенството откако загубија на домашен терен од Баскет КАМ со 68-82, односно на гостински против Струмица со 76-59.

Блиску до сто постигнати поени беше и Шкупи кој го доби дуелот против Црн Дрим со 97-84, а домашниот терен го одбранија и Хераклеа која славеше против Тетекс ТТК со 82-67 и Соколи 1933 кои го добија Борец Баскет со 73-58.

Чаир 2030 е осамен на врвот со скор од три победи, а зад него шест тима ја делат втората позиција: Баскет КАМ, Струмица, Вардар, Соколи 1933, Шкупи и Водно Санс. Учинок од една победа и два пораза имаат Охрид, Хераклеа и Тетекс, а Борец и Црн Дрим сеуште чекаат на првите победи.

Се вчитува...