Вардар, Струмица и Шкупи му се приклучија на Чаир 2030 во полуфиналето од разигрувањето за титула и место во „елитата“ на македонската кошарка откако овие тимови ги добија четвртфиналните „мајсторки“ против Баскет Кам, Соколи 1933 и Борец Баскет.
Вардар ја искористи предноста од домашен терен и славеше против Баскет Кам со 76-64, додека Шкупи и Струмица славеа на гостувањата во Велес и Штип.
Во полуфиналето кое започнува на 7. мај ќе се сретнат Чаир 2030 и Вардар, односно Струмица и Шкупи. Вториот натпревар од серијата ќе се одигра на 11. мај, а евентуалната мајсторка на 14. мај. Како потсетување, двата финалисти во следната сезона ќе настапуваат во Првата кошаркарска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА