Втора лига: Чаир им се врати на победите, неизвесните завршници во Скопје и Струга за Шкупи и Баскет Кам

На кошаркарските терени во Македонија овој викенд активни беа и второлигашите кои го комплетираа 9. коло. Во него Чаир 2030 се врати на победите откако славеше против Струмица, а неизвесните натпревари во „Шабан Трстена“ и „Тими“ им припаднаа на Шкупи и Баскет КАМ.

Чаир 2030 со триумфот од 89-71 над Струмица им се врати на победите и остана на првото место на табелата со победа повеќе од Вардар кој славеше во Битола против Хераклеа со 68-88 и Соколи 1933 кои го добија гостувањето кај Охрид со 73-80.

Во неизвесен натпревар до самиот крај на победа се радуваше Шкупи кој славеше над ослабениот Борец Баскет со 81-78, а трилерот во Струга му припадна на тимот на Баскет Кам кој се радуваше на победа од 81-83 против Црн Дрим.

До важна победа во деветото коло стигна и Тетекс ТКК кој го одбрани домашниот терен од Партизан Водно Санс, триумфирајќи со 75-69.

Се вчитува...