Втора лига: Чаирчани и по пет кола се перфектни, штипјани го освоија Скопје

Покрај прволигашките натпревари на кошаркарските терени ширум Македонија беа одиграни и мечевите од петото коло во Втора лига. По нив Чаир 2030 останува со перфектен учинок откако го совлада минатогодишниот прволигаш Црн Дрим со 98-87.

Соколи 1933 стигнаа до голема победа на гостувањето во Скопје откако со кош во последната секунда го совладаа Вардар со 79-81. Границата од сто поени ја надмина Партизан Водно Санс кој на гостувањето против Шкупи славеше со 97-100.

Баскет КАМ стигна до гостинска победа откако во Битола ја совлада Хераклеа со 63-88, а домашниот терен го одбранија Охрид кој го доби Тетекс со 86-74, и Струмица која славеше над Борец Баскет со 92-88.

Се вчитува...