Прва лига: Дербито за штипјани, само Вардар е без пораз

По пет одиграни кола, има само една непоразена екипа во Првата македонска лига – скопски Вардар. „Вардарци“ не играа во овој круг (беа слободни според распоредот), А за тоа се погрижија кошаркарите на Соколи 1933 кои ја победија Струмица ФМП, но и велешки Борец баскет кој беше подобар од Бутел…

СОКОЛИ 1933 – СТРУМИЦА ФМП 65:58

Важноста на мечот, извесно, влијаеше и на квалитетот на прикажаната игра во салата „Јордан Мијалков“во Штип.

Дерби со мал број на постигнати кошеви на двете страни. Но подобри, за нијанса, се покажаа штипјани кои успеаја да и го нанесат и првиот пораз на Струмица ФМП од почетокот на сезоната во оваа конкуренција.

По нерешените (17:17) во почетната четвртина, во наредните две, домашната екипа успеа резултатски да се одвои. Односно да изгради предност од девет поени (46:37), кои ги одбрани во последните десет минути. Во голема мерка по заслуга на Хамилтон кој реализираше 19 поени, но и поддршката која дојде од Митевски и Х. Тодоровски кои додадоа по 11 поени, но и А.Тодоровски кој заврши со 10.

На другата страна од теренот, Јовановиќ уфрли 16поени, Александровски постигна 12, Д.Пандев имаше 11, а Масевски еден помалку.

БОРЕЦ БАСКЕТ – БУТЕЛ 93:83

Мноогу поефикасно се играше во Велес, каде победата исто така, им припадна на домашните кошаркари.

Го имаа велешани извонредниот двоец Елис – Штерјов кој искомбинираа повеќе од половината поени за Борец баскет (50), со коректна поентерска поддршка од Карталовиќ, Сапроновски и Трпески (сите по 10 поени), тоа беше доволно за прв пораз на Бутел (во четири одиграни мечеви).

Кај гостите одлична партија забележа младиот Киров, кој заврши со 30 поени, Капитенот Мартиновски имаше 15, а Милевски уште 11.

СПОРТИСИМО – СТРУМИЦА РОЛИНГ 76:83

Прв успех и тоа на гостински терен за екипата на Струмица Ролинг. Остварен на гостувањето во Кавадарци каде беа подобри од екипата на Спортисимо. Како пресудна се покажа втората четвртина во која струмичани обезбедија предност на полувремето (41:35), која успеаја и да ја одбранат во преостанатите 20.минути.

Мицев имаше свои минути во салата „Јасмин“, а одличната игра ја заокружи со реализација на 35 поени, додека Георгиев додаде уште десет. Во домашниот тим, кој останува без победа по пет одиграни кола, Вељковиќ и Митков уфрлија по 22 поени.

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Црн Дрим – Тетекс ТТК 84:62

Мега баскет – Охрид 93:72

Младинец – Водно санс 71:88

Вардар – слободен

ТАБЕЛА

1.Мега баскет 5 4 1 443:390 9

2.Вардар 4 4 0 347:282 8,

3.Охрид 5 3 2 408:400 8

4.Црн Дрим 4 2 2 333:307 6

5.Тетекс ТТК 4 1 3 300:332 5

6.Водно санс 4 1 3 313:345 5

7.Младинец 4 0 4 290:383 4

ИДНО КОЛО (22.11)

Охрид – Тетекс ТТК

Водно санс – Црн Дрим

Вардар – Младинец

Мега баскет – слободен

ГРУПА „Б“

РЕЗУЛТАТИ 5.КОЛО

Спортисимо – Струмица Ролинг 76:83

Борец баскет – Бутел 93:83

Соколи 1933 – Струмица ФМП 65:58

Овче поле – слободен

ТАБЕЛА

1.Струмица ФМП 5 4 1 429:278 9

2.Соколи 1933 5 4 1 453:391 9

3.Бутел 4 3 1 344:323 7

4.Борец баскет 4 2 2 300:316 6

5.Струмица Ролинг 4 1 3 268:342 5

6.Овче Поле 3 1 2 274:249 4

7.Спортисимо 4 0 4 253:387 4

ИДНО КОЛО (22.11)

Бутел – Струмица ФМП

Борец баскет – Спортисимо

Струмица Ролинг – Овче Поле

Соколи 1933 – слободен

Се вчитува...