Втора Лига: Фаворитите ги оправдаа очекувањата

Изминатиот викенд на кошаркарската сцена во Македонија беа одиграни осум од предвидените десет натпревар од 13. коло во кои фаворитите ги оправдаа своите улоги. Поради позитивни случаи беа одложени дуелите помеѓу Борец Баскет и Струмица, односно Хераклеа и Чаир 2030.

Во групата „Исток“, Феникс 2010 славеше на гостувањето кај МКК Куманово со 51-59, Баскет Кам стигна до убедлива победа од 59-104 на гостувањето во Кавадарци против Про Баскет, додека убедлива гостинска победа забележаа и Ангели кои славеа со 64-87 против Куманово 2. Единствениот кој успеа да го одбрани домашниот терен беше Шкупи кој славеше над Ролинг 08 со 85-68.

Во групата „Запад“, ГКК Охрид без поголеми потешкотии славеше над „фенерџијата“ Спорт Тим со 86-76, Тетекс ТТК стигна до значајна победа на гостувањето против Риниа со 67-74 со што остана во игра за местата кои водат во разигрувањето. На гостински триумфи се радуваа и Пелистер Мердика карта која славеше над Спарта со 64-79, како и Партизан Водно Санс кој славеше над Мега Баскет со 80-109.

Се вчитува...