Втора Лига: Нова убедлива победа на Ангели, Хераклеа им се врати на победите

Во деветото коло коло беа одиграни само три натпревари од предвидените десет во кои две во групата „Исток“ и само една во групата „Запад“.

На „истокот“ Ангели запишаа убедлива победа над Ролинг 08 со 111-58, Симеон Митров ги предводеше домаќините со 23 поени, Теодор Милевски додаде 20 поени, додека како двоцифрени натпреварот го завршија и Ангел Кечовски со 15 и Блажо Митков со 11 постигнати поени. Во градското дерби МКК Куманово славеше над Куманово 2 со 78-65. Одложени беа дуелите помеѓу Пробаскет и Феникс 2010, Шкупи и Борец Баскет, како и Баскет КАМ и Струмица.

Единствениот натпревар на „западот“ го одигра Хераклеа која славеше над Спорт Тим со 82-61, додека одложени беа средбите Спарта – Риниа, ГКК Охрид – Мега Баскет, Пелистер Медика Карта – Партизан Водно Санас и Чаир 2030 – Тетекс ТКК.

Се вчитува...