Втора лига: Три екипи во трка за второто место

Само уште четири  кола од регуларниот дел се пред екипите од втората лига. Доста извесно е дека плеј-офот, и доигрувањето за местата (две) кои водат во првата лига, екипата на Вардар ќе го дочека од најдоброто стартно место-првото. Во ова коло „вардарци“ го декласираа составот на Црн Дрим (116:62), и ја задржаа предноста во однос на конкуренцијата.

Многу важна победа запишаа и младите кошаркари на Работнички 2018 и тоа на гостински терен во Велес, против екипата на Борец Баскет (81:68), по која се и на ист ефект заедно со Соколи 1933, (13-5).

Во трка за второто место се уште и Соколи 1933 и Ангели, откако штипските соколи во меѓусебниот дуел викендов славеа на гостувањето во Кисела Вода со 75-82. Работнички и Соколи моментно се наоѓаат на делба на второто место, со само една победа повеќе во однос на Ангели.

Интересна ќе биде и битката за другите места кои водат во наредната елиминациска фаза од второлигашката конкуренција.  Јасно е дека „надвор од игра“ се само екипите на Баскет Кам (скор 3-15) и Црн Дрим (0-18). Засега во предност е Водно Санс (скор 9-9), кој е на седмата позиција, следуваат МЗТ Скопје Уни Банка и Шкупи (двете екипи со скор (8-10), додека доста помали се шансите на Борец Баскет кој има (7-11).

 

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 18. КОЛО

ГКК Охрид – МЗТ Скопје2 59:69, Вардар – Црн Дрим 116:62, Борец Баскет – Работнички 68:81, Ангели – Соколи 1933 75:82, Баскет Кам – Шкупи  75:82, Водно Санс – МКК Куманово 67:81

ТАБЕЛА: Вардар 33, Соколи 1933 31, Работнички 31, Ангели 30, МКК Куманово 28, ГКК Охрид 28, Водно Санс 27, МЗТ Скопје Уни Банка 26, Шкупи 26, Борец Баскет 25, Баскет Кам 21, Црн Дрим 18;

ИДНО КОЛО (18.03): Работнички 2018 – Црн Дрим, Соколи 1933 – ГКК Охрид, Баскет Кам – Вардар, МКК Куманово – Ангели, Шкупи – Водно Санс, МЗТ Скопје Уни Банка – Борец Баскет.

Се вчитува...