Вујовиќ ги избра 17-те патници за СП

Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ, ги отстрани дилемите околу составот на оваа селекција на претстојниот мундијал обелоденувајќи ги имињата на 17-те ракометари кои ќе бидат дел од словенечката експедиција во Мец, каде за ривал во групата Б ќе ја има и Македонија.

Јан Гребенц и Давид Разгор се последните ракометари кои отпаднаа од списокот на словенечкиот национален тим, додека во отсуство на Урош Зорман капитенската лента му е доделена на Вид Кавтичник.

Не е лесно да се донесе ваква одлука, но согласно правилата морав да изберам 17 ракометари. Сепак, согласно мојот концепт и визијата за иднината на репрезентацијата, решив Гребенц и Разгор да не бидат дел од составот за овој мундијал. Тие остануваат како први резерви, во случај на повреда на некој ракометар во следните денови“ – изјави Вујовиќ.

Словенечкиот состав патува за Франција, каде ќе одигра контролен натпревар со актуелните светски шампиони како увертира за настапот на СП 2017.

spisok rakomet slovenija

Се вчитува...