Раководството на Милан веќе разгледува неколку опции за смена на нивниот тренер, Винченцо Монтела. Иако при првите шпекулации за нов предводник се спомнуваше Валтер Мацари, сепак јасно е дека „росонерите“ пред се ќе се обидат да ангажираат тренер со побогата кариера.
Прв избор е Карло Анчелоти, кој како тренер и играч освојуваше се можно со Милан, па сега одборот ќе се обиде повторно да го врати на кормилото. Втората опција е Антонио Конте, менаџерот на Челси и вечната желба на раководстовто на Интер. И двајцата поседуваат искуство и знаење кое би било клучен фактор за Милан повторно да конкурира во италијанското првенство, и пред се да се врати во Лигата на шампиони.
Монтела има се помалку време за да ги поправи грешките. По поразот од 2-0 против Сампдорија минатиов викенд, столчето се „ниша“ на италијанскиот стратег, бидејќи поразот е веќе втор во првенството по само шест кола.
Следните пет средби во Серија А ќе бидат пресудни за Монтела и Милан, бидејќи им претстојат три дерби натпревари против Рома, Интер и Јувентус, а меѓу тие пресметки шанса за изненадување ќе чекаат Џеноа и Киево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА