Македонскиот прволигаш Шкупи, кој во зимската пауза доби нов спонзор и со многу поголеми амбиции го очекува продолжението од шампионатот, ги објави противниците со кои ќе спарингува на подготовките во Анталија. Тимот од Чаир првата контрола ќе ја има против Осогово на 18 јануари, а следните тестови ќе бидат на подготовките во Анталија.
Во турскиот туристички центар закажани се дуели со Карабах (Азербејџан), Стал (Украина), Чаквари (Унгарија), Черноморец (Украина) и Анжи (Русија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА