Кризата во „кралскиот клуб“ добива драматични размери откако во јавноста протекоа информации за физичка пресметка меѓу Федерико Валверде и Аурелиен Чуамени. Иако Уругваецот демантира дека завршил во болница по инцидентот, медиумите во Шпанија брујат за целосен раздор во соблекувалната.
Според „Мундо Депортиво“, фокусот сега е насочен кон откривање на „предавникот“ кој ги изнесува внатрешните тајни. Главниот сомнеж паѓа врз Винисиус Жуниор, за кого се шпекулира дека ги пренел деталите до Алваро Арбелоа, потег што дополнително ги затегна односите меѓу ѕвездите.
Со слабите резултати на теренот и незадоволството околу статусот на Мбапе, Реал Мадрид се соочува со една од најтешките внатрешни кризи во поновата историја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
