Пелегрини, и после 2-5, зборуваше за судењето: „Катастрофално, без никаков критериум…“ (ВИДЕО)

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, смета дека поразот од 2-5 од Барселона е превисок во однос на сè што се случувало на теренот вчера на мечот од Ла Лига.

Гостите, кои ја забележаа својата деветта победа во деветтиот натпревар во Ла Лига оваа сезона, постигнаа два гола со играч повеќе, откако Бернал беше исклучен во 54. минута.

Зелено-белиот фудбалер доби црвен картон затоа што физички го нападнал Ламин Јамал. Пелегрини вели дека клучните одлуки на судијата биле, благо речено, сомнителни.

„Тоа е чувство на беспомошност, без сомнение. Резултатот од 2-5 не го одразува она што се случи на теренот, меѓу другото, поради спорните ситуации. Постојат работи што не можат да се разберат или објаснат“, рече Чилеанецот.

Пелегрини потоа зборуваше за поништениот гол на Бетис, ситуацијата што му претходеше на третиот гол на Барселона и исклучувањето на Бернал.

„Тој го поништи голот на апсурден начин, бидејќи фаулот се случи на 30 метри од акцијата и нема никакво влијание врз голот. Црвениот картон, пак, е последица на провокацијата на Ламин Јамал. Тој покажа на едниот жолт картон, а вториот го исклучи. Искрено, мислам дека судијата имаше катастрофален меч, без фудбалски критериуми.“

Се вчитува...