Од таборот на Еуромилк ГЛ денеска реакција по дуелот со Новаци, на кој како што тврдат домашните се оштетени за два недосудени пенали во ремито без голови на мечот од 8. коло во Втората македонска фудбалска лига.
Па, Судиската комисијата при ФФМ со анализа за спорниот момент на мечот меѓу Еуромилк ГЛ и Новаци по која се тврди дека е комплетно правилна одлука на главниот судија кој не досудува пенал за домашните, исправно препознавајќи ја намерата на домашниот фудбалер да изнуди прекршок.
СУДИСКАТА АНАЛИЗА НА ФФМ ВИ ЈА ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ
Правилна проценка и целосно оправдана одлука на главниот судија, кој правилно ја препознава намерата на напаѓачот да изнуди прекршок во казнениот простор.
Напротив, напаѓачот настојува самиот да иницира контакт со противникот, по што следува неговото паѓање. Ваквото однесување укажува на обид да се создаде впечаток дека врз него е направен прекршок, со цел да се изнуди казнен удар. Самото постоење контакт меѓу играчите не претставува автоматски прекршок, особено кога контактот е инициран од напаѓачот, а одбранбениот играч не постапува на невнимателен или преостар начин во неговото движење.
Особено позитивен елемент во оваа ситуација е одличната поставеност на главниот судија, неговата близина до местото на настанот и соодветниот агол, со што си овозможи непосредно да ја процени природата на контактот, движењето на двајцата играчи и причината за паѓањето на напаѓачот, без да биде доведен во заблуда од неговата реакција.
Имајќи предвид дека на еден од спортските портали е објавена фотографија која очигледно е предмет на дигитална манипулација, со цел објективно и транспарентно информирање на јавноста го споделуваме автентичниот видеозапис од конкретната ситуација, а не врз основа на селективно прикажани или дигитално изменети фотографии кои можат да ја доведат јавноста во заблуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
