Македонија има светски кадетски шампион во карате по извонредниот настап на Марко Џорлев на Светското карате првенство за кадети, јуниори и младински кое се одржува во Бјелско Бјала, Полска.
Џорлев дојде на светскиот врв во каратето доминанто во својата категоријата до 63 килограми стигнувајќи до златниот медал, а на тој начин
Па, сосема очекувано повеќе од возбуден по денешниот извонреден ден во Полска.
„Ова дефинитивно е остварување на мојот сон. Пресреќен сум што со светската шампионска титула успеав да и донесам историја на Македонија со прво злато од светските првенства од осамостојувањето па до денес. Минав навистина пет претешки борби до златото, но сето тоа е резултат на напорната работа и огромната желба за триумф. Целата моја благодарност оди за моите тренери Жарко и Сашко Арсовски, без кои ништо од ова немаше да се постигне но и силната поддршка која ја имам од селекторот Дејан Ристески, од моите родители како и од клупските колеги од КК Штип со селекторот Дејан Ристески. Посакувам ова да биде само дополнителен мотив за сите наши каратисти за уште многу златни медали од светските првенства во иднина“, ни изјави од Унгарија новиот светски шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
