Фудбалерите на Баерн го победија Лајпциг со 6-1 во 6. коло од Бундеслигата и останаа на врвот на табелата, покрај Борусија.
Фудбалерите на тимот на Мартин Демикелис беа сведоци на атомската фудбалска демонстрација на „вечниот шампион“ на Германија.
Троен стрелец за домашниот тим беше Луис Дијаз, додека Александар Павловиќ, и неизбежниот тандем Михаел Олисе и Хари Кејн, ја погодија мрежата на Лајпциг по еднаш.
Баварците веќе водеа со 3-0 по 34 минути. Во продолжение, со брзи голови на почетокот на второто полувреме (Дијаз, Кејн), Баерн ја запечати судбината на гостите, но не застана ни тука. Дијаз беше во одлично расположение и продолжи да ја тероризира противничката одбрана.
Со третиот гол во 69. минута, тој донесе 6-0.
Во финишот гостите со убавиот погодок на Србинот Максимовиќ само намалија на 6-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
