Македонскиот стратег Ѓорѓи Мојсов беше видно револтиран по изданието на своите играчи во вчерашниот пораз на неговиот тим, српскиот суперлигаш Земун, на гостувањето против Чукарчки.
Земун загуби со убедливи 3-0 што наиде на отворена реакција на Мојсов пред српските медиуми кон играчите на тимот.
„Честитки за победата на Чукарички, беа подобри од самиот почеток и покажаа како се игра за својот клуб. Овој натпревар веројатно беше последен за некои од играчите на нашиот тим, имаа шанса и не ја искористија. За мене, ваков вид игра е навистина срамна, додека не го промениме тоа, нема да има бодови ниту победи. Не е проблемот во мене, кој и да дојде како тренер, ќе биде исто, додека нема поинаков став кон играта“ – изјави за „Спортски Журнал“ поранешниот тренер на кавадаречки Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
