Галатасарај славеше на гостувањето против Генчлербирлиги со 0-1 на вчерашниот дуел во турскиот шампионат.
Егрибајат во 88. минута си постигна автогол за голема прослава на гостинските играчи и навивачи.
Сепак, сите зборуваат за тоа што се случи на средина од второто полувреме, што се наведува како најголемо понижување досега за Рафаел Леа.
Леао не беше во стартниот тим на гостите, па влезе во игра во 61. минута од натпреварот. Сепак, не остана долго на теренот, бидејќи во 77. минута Леао го напушти теренот, а во игра влезе Гул.
По мечот, не беше пријавена било каква повреда на Португалецот, но тренерот не бил задоволен од неговата игра.
🚨 𝗛𝗨𝗠𝗜𝗟𝗜𝗔𝗧𝗜𝗢𝗡 𝗣𝗢𝗨𝗥 𝗥𝗔𝗙𝗔𝗘𝗟 𝗟𝗘𝗔̃𝗢 🥶
Entré en jeu à la 61e minute, l’attaquant a été sorti dès la 77e minute… sans aucune blessure signalée 😬 https://t.co/i2zxsYIV8k
— Lives Foot (@livesfoot) October 17, 2026
Сигурно, ако ова е вистина, наскоро ќе добиеме одговор за сè од Португалецот.
Од друга страна, некои медиуми од Турција тврдат дека Леао се пожалил на состојбата на тревникот и дека по натпреварот го напуштил стадионот куцајќи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
