Флик даде зелено светло за нов договор со Барса

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, му потврди на клубот дека сака да ја продолжи соработката со него.

Германскиот стручњак ги прифати условите на новиот договор што ќе го задржи на клупата на Барселона до 2028 година, со можност за продолжување за уште една сезона.

Шпанските медиуми објави дека агентот на Флик, Пин Захави, пристигнал во Барселона на преговори со клубот.

Откако пристигна во каталонскиот клуб во мај 2024 година, Флик освои две титули во Ла лига.

Се вчитува...