Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, ја вознемири јавноста со изјави за здравствената состојба на Џамал Мусиала, откривајќи дека младиот офанзивен играч за врска се соочува со хронична состојба.
„Во тешка ситуација сме со него. Тој има заболување кое не се лекува лесно, но може да се држи под контрола со помош на лекови. Сепак, неизвесно е дали тој некогаш ќе може да се врати на своето претходно ниво на игра“, изјави Хенес.
Заедно со Кејн, Мусиала е најплатениот играч во клубот, со договор до 2030 година и годишна плата од околу 25 милиони евра. Последен пат настапи на 18 септември против Унион Берлин, по што се соочи со проблеми предизвикани од повреда на мускулот и помали невролошки пореметување. Во моментов тој работи на враќање во форма, а негово враќање на терените се очекува по репрезентативната пауза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
