Алкараз: Сонувам за титула на завршниот турнир во Торино

Карлос Алкараз продолжува да руши бариери во својата кариера. Се до оваа есен, тој никогаш немаше освоено титула во периодот по првите денови од октомври, а сега има две по ред во тој дел од сезоната. По Виена, тој триумфираше и во Париз, отфрлајќи ја етикетата дека „застанува по Ју-Ес Опен“.

До крајот на сезоната остануваат уште две големи цели, титули на завршниот Мастерс во Торино и на Дејвис купот во Болоња.

„Навистина би сакал да победам во Торино. Ако не оваа година, тогаш некој друг ден. Сега имам голема самодоверба, бидејќи во Париз одиграв најдобро откако се вратив по повредата“, изјави Алкараз. 

Се вчитува...