Жозе Мурињо му испрати јасна порака на селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, по победата на Реал Мадрид над Валенсија на „Местаља“ од 3-0. Португалецот зборуваше за Ендрик, кој едвај добива минути во Мадрид, а францускиот „Фут Меркато“ го опишува тоа како мал притисок врз италијанскиот стручњак пред паузата за репрезентативни натпревари.
„Мојот став е јасен, сакам Ендрик да игра“, рече Мурињо, а потоа се сврте кон селекторот на Бразил…
„Ако Анчелоти му дозволи да игра во оваа репрезентативна пауза, ќе бидам многу среќен“.
Анчелоти го вклучи 20-годишниот напаѓач во составот за последните два натпревари на Бразил во годината.
Нема место покрај Мбапе
Ендрик е во втор план во Реал зад Килијан Мбапе, кој е неприкосновен во нападот. Според бразилските медиуми, до крајот на октомври одигра четири од 13 натпревари, само еднаш од првата минута, и постигна еден гол, во победата од 4-3 над Рома во Лигата на шампионите.
Против Валенсија, тој влезе во игра во 84. минута место Бернардо Силва, а головите за Реал ги постигнаа Федерико Валверде, Арда Гулер и Мбапе. Ендрик ја заврши минатата сезона на позајмица во Лион, каде што ги помина последните шест месеци, а бразилските медиуми објавија дека би можел повторно да замине во јануари.
Во ноември, Бразил ќе игра пријателски натпревари против Јапонија на 14 ноември и Сингапур на 17 ноември. Анчелоти добро го познава Ендрик од Мадрид, бидејќи го тренираше во неговата прва сезона на Бернабеу, кога младиот Бразилец исто така најчесто влегуваше од клупата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
