Македонската одбојкарска репрезентативка Андротеа Милевска, по принудната пауза поради малата повреда, го имаше официјалното деби и во романскиот шампионат во дресот на ЧСМ Букурешт.
Милевска заработи повреда низ подготовките пред стартот на сезоната, па го пропушти почетокот на шампионатот со својот тим, за да викендов следи нејзино деби на дуелот против Клуж, и веднаш победа за ЧСМ Букурешт.
ЧСМ Букурешт триумфираше убедливо со 3-0 (25-16, 25-16 и 25-21) против Клуж во мечот во кој македонската одбојкарка беше една од најзалслужните за победата на својот тим, издвојувајќи се како една од најдобрите три поентерки на натпреварот.
Во следното коло од првенството, веќе во среда, ЧСМ Букурешт гостува на Таргу Муреш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
