Рајан Портеус е повикан во репрезентацијата на Шкотска како замена за повредениот Стивен Велш, пред претстојниот натпревар против Македонија во рамките на УЕФА Лигата на нации.
Селекторот Себастијан Покоњоли беше принуден да направи измена во дефанзивната линија откако Велш заработи повреда на клупскиот дуел помеѓу неговиот Свонси и Портсмут.
На негово место доаѓа 27-годишниот централен дефанзивец на Лос Анџелес ФК, кој се враќа во националниот тим по пауза од околу 18 месеци. Последниот настап за Шкотска, Портеус го забележа во март 2025 година, кога влезе од клупата за резерви во победата над Грција (1:0) во плејофот од Лигата на нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
