Фудбалерите се собраа – Дарко Чурлинов се врати во репрезентацијата (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија го имаше првиот собир за последните два натпревари од Б-лигата на Нации со кои ќе го заокружиме настапот во ова издание.

Гостување во Шкотска на 13. ноември и Словенија дома на 16. овој месец ќе бидат последните два меча во овој циклус во кој Македонија се уште е без бодови, но и без гол.

Повратник во репрезентацијата е Дарко Чурлинов на кого не можевме да сметаме на претходните четири мечеа поради проблеми со документите во Полска, држава во која настапува за Погон Шчечин.

Се вчитува...