Валентино Роси не го менува својот став за контроверзната сезона во 2015 година и за конфликтот со Марк Маркез. Легендарниот италијански возач се осврна на еден од најбурните периоди во историјата на шампионатот, признавајќи дека настаните од пред повеќе од една деценија се уште влијаат врз него на ист начин.
Легендарниот италијански ас денес ја претстави својата автобиографија насловена „Валентино Роси – мојата приказна“, која ја напиша во соработка со искусниот италијански новинар Џорџо Теруци.
„За жал, приказната од 2015 година денеска ми изгледа уште поапсурдна и уште повеќе ме лути, бидејќи Маркез не се бореше за титулата. Лоренцо и јас се боревме за шампионатот, додека тој се бореше да ме спречи мене да ја освојам титулата. На крајот, успеа во тоа“, изјави Роси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
